Вук Јеремиќ исклучен од Демократската партија

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен претседавач со Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, во петок вечер беше исклучен од Демократската партија (ДС).

Статутарната комисија на Демократската партија донесе едногласна одлука да се одбие жалбата на Вук Јеремиќ на претходната одлука на Извршниот одбор на ДС за негово исклучување од партијата.„Со ова Јеремиќ е исклучен од членството во ДС, а одлуката на Статутарната комисија е конечна”, се наведува во кусото партиско соопштение.Пред тоа, Извршниот и Главниот одбор на ДС донесоа ваква одлука откако високиот функционер на партијата и поранешен шеф на српската дипломатија одби да го врати пратеничкиот мандат, односно заради непочитување на одлуката на Главниот одбор на ДС и кршење на Статутот на партијата.Јеремиќ на 19 февруари до Уставниот суд на Србија поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на одлуката за негово исклучување.Лидерот на ДС, Драган Ѓилас, го повика Јеремиќ во недела, да присуствува на собранието на демократите, а поранешниот пратеник, преку својот Твитер профил, синоќа го потврди своето доаѓање.Исклучувањата од ДС почнаа откако Драган Ѓилас беше избран за претседател на оваа партија, а раководството зазеде став пратениците, кои во претходната влада имаа високи функции, дека треба да го вратат пратеничкиот мандат.Од партијата е исклучен и поранешниот министер за земјоделство, Душан Петровиќ, кој со уште петмина партиски колеги во српскиот парламент веќе формира посебен пратенички клуб и најави формирање на партијата „Заедно за Србија”
Макфакс
Поранешниот министер за надворешни работи на Србија и актуелен претседавач со Генералното собр

Пронајдете не на следниве мрежи: