Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска во Москва се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, со кого разговарал за заедничките интереси на двете земји и актуелната ситуација во јужната српска покраина.
Според соопштението, Вулин посочил дека политиката на таканаречените власти во Приштина е етничко чистење на Косово и Метохија од Србите и се заблагодарил на Русија за доследно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.
Вицепремиерот му се заблагодари на секретарот Шојгу за поканата да учествува на состанокот на високи безбедносни претставници на БРИКС и земјите партнери во Санкт Петербург организиран од Советот за безбедност на Русија.