Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, коментирајќи ја ситуацијата во Украина, дека сепак ќе има проблеми за двете страни, и руската и украинската.
Тој изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин ќе му треба многу сила за да го врати Курск.
„Ќе му треба многу, многу сила, многу животи ќе бидат изгубени, од негова гледна точка“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата е исклучително тешка за Украинците насекаде.
„Од Часов Јар, Покровско, Константиновка, па се до купјанско и Синковка, кон Красни Лиман исто така“, рече Вучиќ во обраќањето до медиумите, по панелот „Приклучување на Западен Балкан кон ЕУ“ што се одржа во рамките на Глобален безбедносен форум во Прага.
Да потсетиме, српскиот претседател денеска престојува во Прага каде се одржува Глобалниот безбедносен форум GLOBSEC 2024.
Тој од чешкиот главен град рече дека не е оптимист за процесот на интеграција на Србија во ЕУ до 2028 година и дека не верува дека тоа ќе се случи во 2028 година, а неговата оценка е дека тоа нема да се случи пред 2030 година.
Вучиќ има и низа билатерални средби со европски претставници.