Вучиќ пристигна во Нови Сад: Никој нема да се извлече, државата ги презеде сите мерки за да ги казни виновниците за трагедијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Нови Сад, каде вечерва се случуваат немири пред градското собрание.

„ Голема трагедија ја снајде нашата земја. Пред малку запалив свеќа на Железничка станица. Огромна тага го погоди секој град и секое село во нашата земја. Државата ги презеде сите мерки за да ги казни виновниците за страшната трагедија и тоа ќе го направиме. Никој нема да се извлече, колку и да е близок со власта, ако направил некаква грешка – рече тој.

Вечерва приврзаници на опозицијата го демолираа и запалија градското собрание во Нови Сад.

Како што истакна претседателот, Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела.

„Вечерва овде бевме сведоци на нешто што не им служи на честа на оние што го организираа. Кога луѓето се тажни, кога тагуваат, тогаш не се лути, тогаш не го рушат и газат нивното знаме – рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: