Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР.
И денес во попладневните часови времето на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималните температуи ќе се движат од 27 до 35 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.
До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе дува засилен северозападен ветер. Температурата ќе опадне за 7 до 9 степени.