Вјоса Османи: Косово е солидарно со Украина, до победа!

Косовската претседателка Вјоса Османи на Самитот на лидерите Украина-Југоисточна Европа во Дубровник изјави дека Косово ќе продолжи да го поддржува правото на Украина на слобода, суверенитет и територијален интегритет.

„Вчера, на самитот на лидерите Украина-Југоисточна Европа во Дубровник, нагласив дека историјата ни покажува дека смирувањето на диктаторите никогаш не води до долгорочен мир. Агресорот не треба да биде награден со земјата на жртвата! Како што не успеаја во Косово , Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, вака ќе загине варварството, криминалот и теророт во Украина Слободата, мирот и демократијата мора – и ќе триумфираат“, напиша Османи на социјалната мрежа „Х“.

Таа, исто така, ја истакна солидарноста на Косово со Украина.

„Нашата солидарност со Украина е длабоко вкоренета во болната историја на нашиот сопствен народ. Ќе продолжиме да го поддржуваме правото на Украина на слобода, суверенитет и територијален интегритет. До денот на победата“, заклучи Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи: