Вјоса Османи тврди дека најдобро би било Косово со САД да го изработат нацрт статутот на ЗСО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа изјави дека најдобро би било Косово заедно со САД да го изготват нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), дека за тоа инсистирала во разговорите со премиерот Албин Курти и дека премиерот тоа не го поддржал.

„Ова го кажав многу пред да го кажам јавно на секоја средба што ја имавме со другите институции, затоа што таква иницијатива мораше да дојде од тие што го водат дијалогот.

Сеул: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност
Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска соопшти дека испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е „сериозна закана за меѓународната безбедност“ и дека на тоа ќе одговорат со …
Еве како полицијата дошла до телата на Вања и Панче: Кешишев прв се покајал, рекол јас не сум човек – тој ги однел до телото на Вања
Во сведочењето на началникот Дејан Димовски за судењето на Љупчо Палевски – Палчо и соизвршителите, беа изнесени нови детали за истрагата што ги поврзува осомничените со свирепите убиства. Влатко …

Инсистирав да седнеме и да направиме нацрт во согласност со Уставот, бидејќи не е на претседателот да го подготвува нацртот“, рече Османи. Ја прашале зошто не се обидела да го убеди премиерот за тоа.

„Можеби на премиерот аргументите не му беа убедливи, што уште сакате да ви кажам“, одговори таа.

За односот со премиерот Курти, рече дека го смета за коректен, а според неа, нивната заедничка цел е Косово.

„Ние имаме конректен однос, го почитуваме ставот и на едениот и на другиот, имаме дебати, но стигнуваме до патот, нашите цели се заеднички, никогаш не се разликуваме во нашите цели, двајцата сме тие што ја заслуживме довербата на граѓаните, должни сме им на граѓаните да работиме заедно“, рече Османи.

Таа за РТВ 21 изјави дека постои загриженост во однос на надлежностите на ЗСО, кои се утврдени во нацрт-статутот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.