Гаги Џогани се огласи по апсењето: Влегов во проблеми – Неговата пријателка открива што правел истиот ден

Популарниот српски денсер Гаги Џогани синоќа беше уапсен, како што јавуваат српските медиуми со две кесички кокаин.
Денсерот, кој во ’90 беше популарен како дел од групата „Фанки Џ“, е излекуван наркозависник. По апсењето тој се огласи на социјалните мрежи.
-Добро сум. Ви благодарам што се грижите за мене. Влегов во проблеми, но сам ќе ги решам. Ви благодарам на разбирањето, напиша Џогани на Инстаграм.

По повод неговото апсење се огласија поголем број членови на семејството кои не знаеја за што точно станува збор, дел од нив за приведувањето дознале и од медиумите.
Доцна синоќа се огласи и Наталија, член на групата Трик ФХ, која со сопругот Сани му се долгогодишни пријатели на Гаги. Попладнето пред да биде уапсен тој бил заедно со нив.
-Во шок сум и разочарана сум, тоа е срамота за него и за децата. Пет години беше чист и знаев дека кога ќе земе пари, вакво нешто ќе се случи. Не можам да верувам, ете денеска се видовме, бевме на ручек. Се смееше, беше расположен и нормален, рече дека ќе оди да купи правосмукалка. Ми се плаче, изјавила Наталија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.