Ставовите, нормално спротивставени, направени отстапки, предлог за намалена исечена високостеблета шума од 3000 метри кубни на 1400 метри. Активистите и граѓанските здруженија остануваат на ставот дека трасата не треба да поминува низ Парк шумата – Водно туку на северната страна на Скопје, Градот и понатаму со став дека друго решение нема.
Иако во физибилити-студијата изработена во 2010 години беа понудени и 4 други алтернативни траси, барем за сега власта за нив не размислува. Уште една дебата ќе се одржи од страна на Министерството за животна средина, но за сега ниту едната ниту другата страна не отстапуваат од своите ставови.