Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- Лазар Шчепановиќ: Сите убиства во Цетиње се извршени за половина часДиректорот на Управата на црногорската полиција Лазар Шчепановиќ денеска изјави дека сите- прочитај повеќе
- ЕВРОСТАТ: Над половина од населението во Швајцарија и Германија живеат под наем, дури 95 отсто Романци имаат сопствен домЦените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 48 отсто меѓу 2010- прочитај повеќе
- Николоски: Ја почитуваме одлуката на Сиљановска-Давкова и ќе ги разгледаме укажувањата на Законот за заштита на децатаГо почитуваме ставот на претседателката, нејзина работа е да ја контролира законодавната- прочитај повеќе
- Монструмот од Цетиње го ранил таткото на убиените момчиња и му рекол „сега ќе ти ги убијам децата“Сосетката на убиените момчиња од Цетиње, Јован (14) и неговиот помлад брат- прочитај повеќе
- Уругвајскиот фудбалер Матијас Акуна пронајден мртов во хотелска собаУругвајскиот фудбалер Матијас Акуна (32) е пронајден мртов во хотелска соба во- прочитај повеќе