Еден од најдобрите тренери на денешницата Пеп Гвардиола најави дека ќе остане во Манчестер сити и ако „граѓаните“ во брзо време добијат жестока казна, па ги нападна останатите ривали дека предвреме го осудиле првакот после обвинението за прекршоци повеќе од 100 околу финансискиот фер-плеј во периодот од 2009 до 2018 година.
Сити се соочува најмалку со одземање на бодови, а најмногу со исфрлање од Премиерлигата, па дури и преселба во најнизок ранг, ако се докажат малверзациите и бројните прекршоци околу финансирањето на клубот со кои се направиле стотина измами на финансискиот фер-плеј.