Германија минатата година во буџетот на ЕУ придонесе со рекордни 25,1 милијарда евра

Полска е најголем нето-примател од буџетот на ЕУ со 11,8 милијарди евра, а по неа следуваат Грција со 4,5 милијарди евра и Унгарија со 4,1 милијарда евра

Нето-придонесот на Германија минатата година во буџетот на Европската Унија (ЕУ) достигна рекордно ниво.

Според веста на германската новинска агенција ДПА, со 25,1 милијарда евра, Германија е земја која дала најголем придонес во буџетот на ЕУ во 2021 година.

Нето-придонесот на Германија во буџетот на ЕУ во 2020 година изнесуваше околу 19,4 милијарди евра.

По Германија следуваат Франција со 12,4 милијарди евра и Италија со 3,2 милијарди евра.

Од друга страна, Полска е најголем нето-примател од буџетот на ЕУ со 11,8 милијарди евра, а по неа следуваат Грција со 4,5 милијарди евра и Унгарија со 4,1 милијарда евра.

Инаку, Германија донесе одлука за зголемување на придонесот во буџетот на ЕУ со цел да ја надомести загубата предизвикана од излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.