Германија ОФИЦИЈАЛНО влезе во рецесија
Германскиот БДП падна за 2,2 проценти во првите три месеци од оваа година во однос на претходните три месеци кога активностите, според ревидираните податоци од државниот завод за статистика, паднаа за 0,1 проценти.
Доколку два квартали по ред се појави минусен раст тогаш официјално се смета дека односната држава е во рецесија. Токму тоа се случи во Германија. Што и не е неочекувано кога се знае дека светот се наоѓа пред незапаметен предизвик а поврзано со пандемијата на КОРОНА ВИРУСОТ.
До 14 јуни 2020 година забрана за летови од Македонија кон Грција и обратно
Исто така не се знае и кога ќе бидат надминати предизвиците, не е пронајдена вакцина и така натака. Сето тоа се елементи кои ја успоруваат економијата и создаваат непредвидливи пречки.
Одозгора на ова Германија забележа и пад на вработеноста, за прв од 2013 година. Сепак добра вест е што ова ќе биде можеби економија со најмал пад споредено со другите европски држави. Кои имаа порестриктивни мерки и ги затвори и фабриките.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.