Германија со лекот „Авиган“ ќе се бори со коронавирусот, најавено купување на големи количини

Во борбата против коронавирусот Германија во големи количества набавува еден лек што има намера да го употреби против Ковид-19, пишува „Франфуртер Алгемајне цајтунг“.
Според весникот, станува збор за антивиралните таблети против грип „Авиган“, кои, по искуството во Азија, будат надеж.
„Авиган“ се користи во Јапонија во лекувањето од коронавирусот, а вообичаено спречува вирусот на грипот да се размножува во телото на човекот.


Кинеската Влада неодамна соопшти, потсетува весникот, дека во Вухан постои ветувачко клиничко истражување за овој лек.
Бројот на потврдени случаи од коронавирус во Германија се зголеми на 73.522, додека досега умреле 872 лица, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за инфективни болести од Бон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.