Владата на Германија утврди закон со којшто ќе им дозволи на жените кои имаат несакана бременост да родат во болница под лажно име, јавува Би Би Си.
Целта на предлог законот е да ги намали опасните породувања и на мајките да им овозможи алтернатива да ги остават несаканите новороденчиња во таканаречените „беби-боксови“.
Во „беби-боксовите“ жените може анонимно да ги остават несаканите новороденчиња. Според овој закон, децата би имале можност да го дознаат идентитетот на мајката штом ќе наполнат 16 години.
Макфакс
Владата на Германија утврди закон со којшто ќе им дозволи на жените кои имаат несакана бремено