Германската “Гересхајмер“ ќе инвестира во Скопје

Германската компанија “Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје. Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.
– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.
Попладнево во Владата повеќе детали за инвестицијата на „Гересхајмер“ АГ ќе дадат премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.