Германскиот Сојузен уставен суд го отфрли обидот на германската неонацистичка партија NDP да обезбеди поголема законска заштита дека нејзиното дејствување е во согласност со уставот на земјата.Националсоцијалистичката партија на Германија (NPD) се надеваше дека Сојузниот уставен суд ќе донесе одлука дека е „лојална на Уставот“ и со тоа ќе го поткопа барањето на горниот дом на германскиот парламент Бундесратот да биде забранета.Објаснувајќи го отфрлањето на барањето на NDP судот уште во вторникот решил дека политичка партија не може да бара судска одлука за својата уставност. Судот, исто така, ги отфрлил поплаките на партијата дека германскиот парламент и владата ги кршат нејзините права со заканите дека ќе ја забранат партијата.Германските политички аналитичари сметаат дека пресудата нема да има влијание на можната судска одлука за забрана на регистрирањето на партијата.„Тоа е посебно прашање, иако пресудата од вторникот сигурно претставува пораз за NPD, којашто се надеваше дека ќе ја подобри својата претстава во јавноста“, вели Геро Неугенауер, политиколог од Слободниот берлински универзитет.Бундесратот, кој ги претставува 16 германски сојузни држави, бара забрана за дејствувањето ан NPD, но германската влада е поделена околу тоа прашање.Министерот за внатрешни работи, Ханс –Петер Фридрих во февруари изјави дека владата ќе подготви сопствен план за забрана на NPD, но уште следниот ден ја полвече својата изјава велејќи дека таква одлука не постои.Забраната за дејствување на политички партии е особено чувствително прашање во Германика, којашто сѐ уште ја притискаат сеќавањата на нацистичкиот и подоцна комунистичкиот режим кој го задушуваа секој отпор.Противниците на иницијативата сметаат дека забраната за дејствување на NPD би ѝ обезбедила на партијата само бесплатен публицитет и оти само ќе ја стави во подземјето каде што ќе биде потешко да се следат нејзиното дејствување.Во 2003 година пропадна обидот за забрана на NPD, па канцеларката Ангела Меркел не сака да ризикува тоа да се повтори пред парламентарните избори во септември годинава за да не се зголеми популарноста на неонацистичката партија.NDP нема претставници на федерално ниво, туку во две покраински собранија во источна Германија.Покрај тоа, долниот дом на германскиот парламент Бундестагот неодамна ја прекина исплатата на државните субвенции за NPD поради неправилно користење на буџетските средства. Станува збор за сума од 113 илјади евра којашто партијата требаше да ја добие за минатата 2012 година.Како и секоја партија во Германија, и Националсоцијалистичката партија на Германија (NPD) добиваше за секој глас добиен на европските, парламентарните или регионалните избори износ од 85 евроценти, кој се намалува на 70 евроценти штом партијата добие повеќе од четири милиони гласови. Бундестагот ги исплаќа тие субвенции квартално. Во 2011 година партијата вкупно добила 1,32 милиони евра.Исплаќањето на парите е сопрено поради грешка во сметководството за 2007 година, поради која Сојузниот административен (управен) суд на партијата во декември миантата 2012 година ѝ изрече казна од 1,27 милиони евра.Портпаролот на NPD, Франк Франц оценува дека партијата е жртва на кампања со којашто се сака да се спречи нејзиното присуство на германската политичка сцена во изборната година.
МакфаксГерманскиот Сојузен уставен суд го отфрли обидот на германската неонацистичка партија NDP да обезбеди поголема з