ГЕРМАНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ СЕ ПОВРЕДИ ВО КРУШЕВО: Побаран беше итен транспорт со хеликоптер

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.

Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на ‘рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камрн во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

„Полицискиот Ми-171, во кој се наоѓаме во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево“, информира ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: