Гитаристот Ричи Самбора ја напуштил турнејата на “Бон Џови’’

Гитаристот на групата “Бон Џови”, Ричи Самбора ја остави Северноамериканската турнеја на бендот поради лични причини, но тврди дека тоа нема врска со неговиот долгогодишен проблем, зависноста од алкохол и таблети.
‘’Ви Благодарам на сите за грижата. Добро сум, но останав во Лос Анџелес за да средам некои лични работи. Ќе се видиме наскоро’’, изјавил Самбора на Твитер за своите фанови.
Самбора (53) во 2007 и 2011 беше, во центарот за рехабилитација за да се ослободи од зависноста од алкохол и апчиња.
Во вторникот тој не свиреше на концертот во Калагари Канада.
“Поради лични причини, Ричи Самбора нема да се учествува во остатокот од овој дел на турнеја. Сите концерти ќе се одржат како што е најавено”, рече групата во изјавата истакната во средата на службената интернет старница на бендот.
Самбора е отсутен од дел од турнејата на Бон Џови во Северна Америка и Eвропа, 2011-тата, но има настапувано на отварањето на европскиот дел од турнејата на 8 јуни истата година во Загреб.
Интернет порталот TMZ.com, повикувајќи се на анонимни извори, рече дека овој пат причина за напуштање на турнеја на Самбора се долгодишните тензии во односите со пејачот фронтмен Џон Џови Боно.
‘’Бон Џови’’ продолжуваат со трунејата под наслов “Because We Can” и имаат закажано 13 настапи до крајот во Канада и САД. Во мај, групата влегува во европска турнеја, која ќе трае до јули.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Гитаристот на групата “Бон Џови”, Ричи Самбора ја остави Северноамериканската турнеја на бендот поради лични причини,

Пронајдете не на следниве мрежи: