Гламурозна СВАДБА како од бајките: Трифун Костовски го ожени СИНОТ – „Го дочекав и тој ден“

Свадба каква посакува секоја девојка, македонската елита се собра на едно место.
Некогашниот градоначалник на Скопје сподели фотографии од свадбата на својот наследник.
Трифун Костовски ја покажа снаата која со својата убавина мами воздишки.

Трифун иако во пензија и понатаму е политички активен во земјава.
За својата работа, спонзорства и донации Трифун Костовски досега има добиено и многу награди и признанија за придонес во спортот, во културата, во уметноста, за конструкција и реставрација на верски објекти, за зачувување и реставрација на културно-историски споменици.

Приватно тој е посветен на своето семејство и саканите.
Долги години е во брак со сопругата Драгица, а плод на нивната љубов им се трите деца.

За себе вели дека е совршен сопруг, а како татко секогаш се трудел да биде нежен, но принципиелен и на моменти ригорозен.
Вели дека е исклучително горд на сите свои деца, за кои вели дека се чесни, со чесни намери, а тој дал сѐ од себе да им помага во сѐ во животот.

Активен е и на социјалните мрежи, каде соопшти прекрасна вест.
Неговиот најмал син Филип стапи во брак со својата партнерка Софија Кузмановска која е неверојатна убавица.

Костовски сподели фотографии од свадбената веселба на која присуствуваа сите познати личности од земјава и споделуваа видеа и фотографии од забавата за паметење.
И младоженецот и невестата беа весели, а гостите лудо се забавуваа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.