Глумицата проговори за големите промени на телото: “Нервозна сум без некоја одредена причина”

Холивудската глумица проговори за прераното влегување во менопауза и какви проблеми ѝ создава оваа состојба.
Гвинет Палтроу (46) откри дека влегла во менопауза, но многу порано од предвиденото поради што има чести промени во расположението, но и изненадни нервози со кои тешко се справува.
Глумицата вели дека започнала да забележува промени на телото кои се манифестирале со често потење и голем дисбаланс на хормоните.


“Одеднаш започнав да чувствувам секојдневно потење, промена во расположението и нервоза без некоја причина. Се сеќавам дека мојата мајка поминуваше низ овие потешкотии”, рекла Гвинет, која за да ги ублажи симптомите започнала да зема суплементи наменети за рана менопауза кои ќе ги намалат непријатностите.
Гвинет е мајка на две деца, 14 годишната Ејрпил и 12 годишниот Моузес, кој ги добила додека беше во брак со фронтменот на групата “Coldplay”, Крис Мартин. Денес оскаровката е во брак со продуцентот Бред Фалчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.