петок, 13 ноември 2026
Најново

Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се испитува загаденоста на воздухот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голем пожар избувна денеска на автоотпад во Тетово, при што над околината се издигна густ чад. Надлежните служби интервенираат на терен, додека инспекциските служби го проверуваат можниот степен на загадување на воздухот.

Поради материјалите што горат на автоотпадот, меѓу кои може да има пластика, гуми, масла и други автомобилски компоненти, постои опасност од ослободување штетни материи во воздухот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На жителите од околината им се препорачува да ги затворат прозорците и вратите и да избегнуваат непотребен престој на отворено додека трае пожарот и додека не бидат познати резултатите од мерењата.

Особено внимателни треба да бидат децата, повозрасните лица, бремените жени и граѓаните со хронични респираторни и кардиоваскуларни заболувања.

Инспекторатот излегол на терен и ја следи состојбата со загадувањето. Засега нема официјално објавени резултати од мерењата, ниту информации за евентуално повредени лица.

Причината за избувнувањето на пожарот треба дополнително да биде утврдена. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на интервенцијата и увидот на надлежните институции.

Поврзани вести