Скандал во Англија: Жената го исфрлила Кајл Вокер од дома, причината е неговото неверство

Пред две години Кајл Вокер, десниот бек на Манчестер Сити се ожени со Ени Килнер, неговата долгогодишна девојка, но тој брак многу брзо се распадна.

Тешки денови за одличниот фудбалер на европскиот шампион. Кајл Вокер беше принуден да се исели од својот тримилионски замок, изјави неговата се уште сегашна сопруга Ени. Имено, таа го исфрлила од дома, бидејќи десниот бек бил неверен.

Македонците живеат 10 години помалку од Швеѓаните, Австралијците, Швајцарците…! Прашањето е зошто!?
Табела од која се гледа дека Американците најкратко живеат во споредба со граѓаните од другите развиени земји, а најмногу трошат на здравствена заштита во споредба со другите. …
Порака на денот: Животот почнува дури откако ќе престанеш да се плашиш
Еднаш ќе престанеш да се плашиш од ладното. Секој тип на студенило. Едноставно се стоплуваш и продолжуваш да живееш. И после тоа, повеќе не можат да те …

-Ова го објавувам како одговор на сите неодамнешни медиумски прашања за мојот брак. После долги години брак и три прекрасни деца, решив да раскинам со Кајл. Не сакам да коментирам повеќе. Засега барам да се почитува приватноста на мене и на нашите три мали деца во овој тежок момент – изјавила Ени.

Инаку, Кајл и Ени беа заедно повеќе од 15 години. Според медиумите во Англија, причина за прекинот во нивниот брак е неверството на десниот бек на Манчестер Сити и на репрезентацијата на оваа земја. Вокер наводно учествувал во оргии со проститутки за време на коронавирусот, а исто така неодамна со непознати девојки.

Тие двајца се венчаа пред две години, но очигледно нивниот брак брзо ќе заврши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.