Гори борова шума во атар на Дебреше, за сега огнот не може да се стави под контрола






Шумски пожар вечерва е разгорен над гостиварското село Дебреше. Гори борова шума и според последните информации од Центарот за управување со кризи, огнот засега не може да се стави под контрола.

„За утре е најавено побарување на воздушна подршка.“, известуваат од ЦУК.
Засилениот ветер кој дува во гостиварско, дополнително го зголемува ризикот од проширување на огнот и го отежнува гаснењето.
Како што соопштија од ЦУК, пожар денес бил регистриран и во околината на селата Печково и Долно Јеловце каде горела висока сува трева, стрништа и нискостеблести растенија. „Пожарот е изгасен, екипите се се‘ уште на терен.“, информираат од Центарот.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: