„Гостиварки се надминаа себе си“


Вредни, храбри и умешни припаднички на понежниот пол со „златни раце“ , вечерва ги претставуваат своите кулинарски и креативни способности во Гостивар на манифестацијата „Вешта жена“ за 2024 година.

Ова е дванаесетто издание на настанот, кој ги обединува жените низ уникатни специјалитети, декорации, дружење и забава.

„Годинава имаме четири натпреварувачки кои се претставуваат со свои трпези. Навистина имаат изработено прекрасни декорации кои се за секоја почит и восхит. Целта на оваа манифестација е да се спојат жените, да им се даде простор и да се поттикнат да ги покажат своите креации, умешност, затоа што има многу жени во Гостивар што знаат и умеат да направат оригинални специјалитети, да ги декорираат, но немаат храброст или можност да ги претстават во јавност. Ние ги охрабруваме и ги покануваме сите што сакаат да се докажат и покажат, да дојдат, да видат и ете за наредна година и да се пријават“,  рече Мира Србиноска, организаторка на „Вешта жена“ во Гостивар.
Натпреварувачките се претставуваат со оригинални естетски уредени трпези, секоја со посебна тема, а на кои има предјадење, главно јадење и десерт.  Годинава учествуваат:
Стефанка Јаневска, трпеза „Ромео и Јулија“
Јулијана Златаноска, трпеза „Играта на ангелот“
Марица Наумовска, трпеза „Раѓањето на Исус Христос“
Јасмина Топалоска, трпеза „Традиционална етно маса“
„Немам зборови за овие уметнички дела што се направени од жени аматери, на кои угостителствот не им е професија, коишто се од различни возрасти, а покрај се’ семејството им е најважната компонентна да сето ова биде направено со љубов. Тоа значи дека гостиварки се надминале себе си. Би порачала на сите оние коишто мислат дека немаат време, да си го најдат, затоа што кај нас без пари се купува љубов, идеи, без пари се купува совршенство на се‘ она што човек може да го направи. Ете, тоа се вештите жени и не случајно постоиме 32 години, не случајно создаваме и креираме. Дури сме имале натпреварувачки кои во животот не поминувале баш многу добар период во моментите кога требало да се натпреваруваат, но целата атмосфера, сетоа она што им се влеало ги променило во друг тек“, изјави Снежана Стојановска-Жана, претседателка на здружението Вешта жена.
 
Победничката од вечерашното општионско натпреварување ќе го претставува Гостивар на Републичка „Вешта жена“ во мај.

 

 

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:

Извор

Пронајдете не на следниве мрежи: