Гостивар: Го исфрлија кабастиот отпад на сред улица и мува не ги лази!

Несовесни граѓани фатени на дело како фрлаат кабаст отпад на сред пат, објавија од Ј.П. Комуналец Гостивар. А ние во меѓувреме одиме за ЕУ…

Гостивар: Го исфрлија кабастиот отпад на сред улица и мува не ги лази!

„Овие слики се доказ за забелешките кои ние како претпријатие одговорна за одржување на чистотата во нашиот град ги правиме во однос на постапките и културата на одредени граѓани кои создаваат негативен впечаток за јавната хигиена во нашиот град, за подигнување на свеста за одржување на јавна чистота, постојано потсетувајќи дека чистотата може да се одржува само со придонес на сите жители, со фрлање на отпад само на соодветните места. Апелираме до жителите совесно да го фрлаат својот отпад на предвидените места, додека за градежен отпад, стар мебел и слични предмети да ја користат услугата понудена од Ј.П.„Комуналец“ за оваа намена. Ги предупредуваме несовесните лица дека за ваквите постапки ќе следат глоби од надлежниот инспекторат за одржување на хигиената на јавните простори“, велат од Ј.П.Комуналец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.