Гостивар прес: Наставник однесен во полиција по пријава дека бакнал и прегрнувал ученичка

Пријава за згрозувачки настан е регистрирана во Секторот за внатрешни работи Тетово.
Вчера (29 јануари) во 18.20 часот, 39-годишен жител на гостиварско село пријавил дека 54 годишник, наставник во училиште во селото ја повикал неговата малолетна ќерка во празна училница во училиштето во кое учeлa, ја прегрнувал и ја бакнал.
Полицијата соопшти дека наставникот е задржан во ОВР Гостивар за понатамошна постапка и за целосно расчистување на настанот.
Извор: Гостивар прес

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.