Гостување на полскиот писател Миколај Гринберг

Ве информираме дека утревечер во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоцијата на збирката раскази „Евцрејска работа“, со гостување на полскиот автор Миколај Гринберг. Промотор ќе биде нашата позната писателка Лидија Димковска.

Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи прози истовремено се трогателни и вознемирувачки. Доколку дијагнозата е точна, имаме голем проблем во Полска“.

Преводот од полски на македонски јазик е на Лидија Танушевска, а излегувањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.