Потребно е:
40 g протеини по вкус
30 гр овесна каша
30 гр путер од кикирики
парчиња темно чоколадо
Подготовка:
Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба. Вашата закуска е подготвена. Пријатно!