Тој секогаш ќе се труди да биде најдобар, што можеби и не е толку лошо, затоа што ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник.
Станува збор за доминантниот лав.
Адреналинот и забавата се составен дел на кралскит живот на еден Лав. Нема да ви дозволи да упадете во секојдневие. Тој го сака животот и луѓето, а најмногу се сака себе си. Ќе гледа прво да си угоди себе си, за да биде среќен, а потоа ќе биде подготвен да ги усреќи и другите. Неговиот ентузијазам е заразен. Доколку сте го сфатиле неговиот егоцентризам на вистински начин, неговите шеги и постапки ќе ви делуваат симпатично. Овој знак е романтичен и сака мали знаци на внимание. Шармира и заведува се околу себе си.
Лавот е одговорен и ако му значите ќе се грижи за вас. Секогаш ќе се труди да биде најдобар, што и можеби не е толку лошо затоа што ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник. Нема да ве изневерува, затоа што нема да има сила да се труди околу секоја личност, туку само за оние посебните за кои што ќе направи се. Доколку имате среќа Лавот да се вљуби токму во вас, ќе се чувствувате посебно, затоа што тој тоа ќе ви го овозможи.
Лавот е најдоминантен и најекстровертен од сите знаци во Зодијакот. На посебен начин, со држењето и со племенитоста на личноста, тие се монарси меѓу луѓето како што лавот е крал на животните. Тие се амбициозни, храбри, доминантни, со силна волја, позитивни, независни, самоуверени и не постои зборот сомнеж во нивните речници, затоа што тие се држат под контрола. Тие се родени лидери, било во мир или во побуната против статус кво ситуацијата. Тие се најефикасни кога се во позиција на команда, нивниот личен магнетизам и вродената љубезност ја извлекуваат најдобрата и најголемата лојалност од подредените.
Тие едноставно, знаат точно што сакаат и ја користат целата нивна енергија. Амбициозноста на нивните планови и идеализмот понекогаш ќе ги заплаши нивните следбеници, нивната практична интелегенција и способност да одат директно во срцето на било кој проблем уверувајќи ги оние што зависат од него дека тоа е најдоброто решение.