Го прашаа Клоп за Белингем

На прес-конференција го прашаа Јирген Клоп дали Ливерпул би можеле да го донесат Џуд Белингем во јануари, германскиот стратег слатко се изнасмеа.

Борусија Дортмунд ќе го продаде Џуд Белингем, но веројатно тоа ќе се случи во јуни. Голем е интересот за англискиот репрезентативец кој се покажа во извонредно светло на Светското првенство во Катар.

 

Велат дека Реал Мадрид е лидер во трката, но интерес има и од Ливерпул, Манчестер Сити и Челси.

 

На прес-конференција Клоп беше прашан дали би можеле да го донесат Белингем во јануари.

 

Тој прво убаво се изнасмеа, а потоа рече дека купувањето и продавањето на фудбалери не е во негова надлежност.

Пронајдете не на следниве мрежи: