Го пријавиле во Обвинителство зошто од Демир Капија коментирал против ЛГБТИ заедницата

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен предлог против жител на Демир Капија за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

На социјалните мрежи коментирал под објавена вест, по што бил пријавен од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

„Обвинетиот, преку коментари на социјални мрежи, објавени под вест на еден веб портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација“, информираат од Обвинителството.

Пронајдете не на следниве мрежи: