62 годишниот Џорџи Березиани од Тбилиси во Грузија мислел дека засекогаш го изгубил своето куче Хорхе.
Три години го барал, го облепил градот со плакати и податоци за кучите и конечно неколку му се јавил.
Му се јавил вработен во Операта во Тбилиси и му кажал дека пред нивната зграда се наоѓа куче слично на неговото.
Џорџи веднаш седнал во автобус и отишол до зградата на Операта. Откако стигнал го повикал кучето по име и тоа изреагирало. Скокнало на него и почнало да гушка.
Го нушкаше и цимолеше, како да не верува дека неговиот сопственик е тука.
-Хорхе, дали си тоа ти? Да, тоа си ти. О драго момче, како си, му говореше Џорџи возбудено на своето милениче.
Погледнете:
На неговото уво забележал жолта ознака. Што значи дека Хорхе од улицата го отстраниле комуналните инспектори, но го вакцинирале и го вратиле на слобода затоа што процениле дека не е опасен за луѓето.
Џорџи и Хорхе пресреќни отишле дома каде што ги чекале останатите членови на семејството.