Поп-ѕвездата Каролина Гочева со сопругот е на одмор во Италија. Таа објави фотографии како ужива во знаменитостите на Рим.
Популарниот лик од Инстаграм, Модрнизам и ренесанса, инаку станува збор за Дуле Петров од „Фчерашни“ по битолска линија на Кaролина и порача од Италија да му донесе кашкавал, и се пошегува со пејачката со коментар „го сакам Михо во поштенско сандаче“.
Во видеото кое го објави пејачката, таа во неколку минути ги забележала најинтересните моменти од патувањето со сопругот. Посета во музеј, уживање во часа пенливо вино, прошетките по тесните улички, заеднички прегратки под чадор додека врне дожд.
Каролина секоја година оди на патувања заедно со Михаил. И минатата година парот ја посети Италија но во регионот Пуља, но и на плажата Галиполи.