Градоначалник на општина ,,најавил” „апсење на Али Ахмети за неколку дена“?!

„Ќе го уапсиме Али Ахмети за неколку дена!“ – наводно изјавил Дарко Костовски, градоначалникот на скопската општина Бутел. За ова информираше новинарот Фуркан Салиу.

Тој преку својот профил на Фејсбук пренесува наводна изјава на Дарко Костовски во врска со „претстојното апсење“ на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Инаку, Костовски не навел никаков конкретен детал околу тоа наводно „апсење“.

Сакавме да го интервјуираме за партизацијата и фамилијаризацијата на Федерацијата за теквондо, а тој, штом излезе од автомобилот, ни рече: „Ќе видите за неколку дена кога ќе го уапсиме Али Ахмети, објавува Салиу. Салиу најави тужба затоа што Костовски му рекол дека вечера со Али Ахмети и Зоран Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.