На овој голем христијански празник, кога го празнуваме духовното раѓање и спасението, Ви посакувам добро здравје, спокој и бериќет. На најсреќниот учесник на положувањето на светиот крст во водите на Вардар, Теодор Јовевски, на кој традиционално му доделивме подароци и златник, му посакавме добро здравје и многу успеси во новата година.
Во годината што е пред нас нека не води добра мисла, да бидеме подобри и похумани луѓе, да живееме во слога и да работиме за подобра иднина на сите. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици!