Град Скопје ги попари медиумите: Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот

Почитувани,

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат.

Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава порака: Ќе понудам 150.000 долари…
Човекот осомничен за обид за атентат на Доналд Трамп на терен за голф на Флорида оставил белешка во која пишува дека имал намера да го убие поранешниот претседател на САД, а …
Димитријевиќ: Зависник сум од кошарка, Теодосиќ ми е идол!
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во интервју за „Еурохупс“ зборуваше за различни теми, а една од нив е за неговиот омилен кошаркар. Димитријевиќ импресионира на почетокот во дресот на Олимпија Милано, по …

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на
https://waqi.info/

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

ГРАД СКОПЈЕ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.