ГРАД СКОПЈЕ ИМ ДОДЕЛИ ПО 20.000 ДЕНАРИ НА ПРВОРОДЕНИТЕ БЕБИЊА ВО СКОПЈЕ ВО 2021 ГОДИНА

Оливер Спасовски оцени дека новогодишната ноќ била генерално мирна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Тој информира дека во текот на ноќта биле регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, а немало сообраќајни незгоди со смртни последици. Во текот на новогодишната ноќ, биле добиени девет пријави за недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица во приватни објекти.

– Се работи на целосно расчистување и документирање на случаите. На бесплатниот телефонскиот број, кој го промовиравме како проект за пријавување на какво било нарушување на здравствените протоколи, од 28 декември во 12:00 часот до 1 јануари 11:00 часот, се регистрирани 62 пријави. А во периодот од 19:30 часот на 31 декември до 8 часот на 1 јануари 2021 година, имало 22 пријави. Контролирани се 288 угостителски објекти во Скопје и има двајца приведени, соопшти Спасовски.

Тој информира дека на целата територија на Република Северна Македонија, биле регистрирани 16 кривични дела, од кои пет на подрачјето на СВР Тетово, по три на подрачјето на СВР Скопје и СВР Охрид, и СВР Струмица и по едно на СВР Велес и СВР Штип. На подрачјето на СВР Куманово нема регистрирано ниту едно кривични дела. Од нив пет се за непостапување по здравствените протоколи за време на епидемија, констатирани при контроли на угостителските објекти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.