Град со големина на портокал ја погоди Словенија

Синоќа невреме проследено со град со големина на портокал ги погодил  јужните делови на Словенија и предизвикал значителни материјални штети. Словенечкиот Национален центар за вонредни состојби соопштил дека најголема штета невремето предизвикало во Кочевје, Чрномељ, Рибница и Содражица.
Како што јавуваат љубљански медиуми биле ангажирани 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население задесено од временската непогода.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.