По вчерашниот пожар во кој целосно изгоре административната зграда од бугарска страна на граничниот премин Ново Село-Златарево, а преминот беше затворен од ноќеска на полноќ тој повторно е отворен. Но, само за патнички возила, товарниот сообраќај е во прекин.
Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево. И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.