„Спиеш ли мирно Заев. #Монструм“, „Правда за жртвите, затвор за монструмите“. „Колку субвенции земаа монструмите?“.
Ова се само дел од пораките кои ги испратија граѓаните кои денес протестираа пред Судот барајќи правда за жртвите убиени кај Смилковското езеро во 2012-та година.
„Заев, дали и ти ги сонуваш жртвите од Смилковско?“- стоеше на еден од транспарентите.
Граѓаните го изразија својот револт од однесувањето на Зоран Заев со овој случај и неговото манипулирање со чувствата на родителите на убиените момчиња.
Тие бараат виновниците да бидат пронајдени и казнети за да не се повтори никогаш иако тоа не може да ги надомести изгубените животи.
-Овој протест е поттик за судството конечно да пријде на дела и да ги разрешат случаите, тие треба да бидат поефикасни и да ја разјаснат работата до крај. Тоа е нивна должност, иако тоа не го сторат нека кажат дека тие не се способни за тоа и тоа нека го направи некој друг, вели еден од собраните граѓани на денешниот протест.
Ангела Тарачуловска која е од Бутел и се познавала со повеќето од загинатите деца вели дека денеска таа и сите останати бараат правда.
-Не е убаво ладнокрвни убијци да се шетаат на слобода, а некои лица да лежат во затвор само затоа што украле тегли ајвар. Исто така политиката во последно време почна да се меша онаму каде што судот треба да суди. Конкретно премиерот Заев излезе во јавноста и кажа дека има снимки со разговори и тој кажал дека знае се, а сега го нема никаде и спротивно на тоа вели дека во снимките се говорело за субвенции, потенцира Тарачуловска.
Таа го повикува Заев да излезе јавно и да ја каже вистината и да не се крие, бидејќи сите денес протестираат за правда и убијците да добијат најригорозни казни за да не се повторни случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.