Граѓаните со транспаренти го испратија Жан Митрев од суд – „Профитер на грбот на болните“, „Бараме правда“…

Судењето на Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај, а причината е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се уште се во Апелација.

Граѓаните со транспаренти го испратија Жан Митрев од суд – „Профитер на грбот на болните“, „Бараме правда“…

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје пристигна и Жан Митрев со неговите бранители, додека пак пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните“, „Бараме правда“, „Убиец“…

Претходно судот го прифати барањето на Обвинителството за замрзнување на имотот на Клиниката Жан Митрев, на која што одлука одбраната се жалеше пред Апелација.

Обвинителката Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта со цел предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.