Сексот е еден од неколкуте камен-темелници на една врска, и затоа не треба да се потценува. Ако се прашувате како да ја вратите страста во својот брак, подобрувањето на сексуалниот живот е најважната задача. Затоа обидете се да ги избегнете следните грешки кои не ретко се прават за време на сексот:
Грешка 1: Без бакнување
Во брак честопати сексот престанува да ја вклучува предиграта и долгото бакнување. А тоа е голема грешка! Бакнувањето е идеален начин да ја разгорите страста во бракот. Тоа е пат кој води до желбата, спонтаноста и поврзувањето со партнерот. Усните се многу чувствителни: колку подолго бакнување – толку поголема возбуда.
Грешка 2: Секогаш иста поза
Можеби сте ја пронашле заедничката најдобра поза, но нејзиното повторување и повторување создава досада. Испробајте нови пози, пребарајте по интернет, купете добра книга за сексот. А потоа наученото и применете го.
Грешка 3: Без изненадувања
Притоа се мисли на долната облека, секси игри или секс преку телефон. Однесувајте се како тукушто да сте се запознале. Не водете љубов само во спалната соба, доцна навечер, пред спиење. Испробајте нови места, нови ќошиња и ѕидови во домот….
Грешка 4: Премногу или премалку валкани приказни…
Сетете се дека делата зборуваат повеќе од зборовите, посебно кога се работи за сексот. Наместо муабетење и наредби, водете се од движењата на партнерот и шепотете му го на уво она што сака да го слушне.
Грешка 5: Не сте расположени за…
Кога се работи за стресот, мажите обично можат да стават настрана се што ги мачи и да му се посветат на сексот, но оваа акција не е толку едноставна за жените. Затоа, ако не сте расположени за секс кажете го тоа. Совет плус: Не водете љубов во апсолутна темница. Кога ќе го изгаснете светлото, ќе пропуштите да ја видите возбудата на лицето на партнерот, а таа делува стимулативно.