ГРОМ бара докази дали пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски навистина има валидно универзитетско образование

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка и советничка во Совето на општина Карпош Добрила Андоновска од Собранието на Македонија побара информации од јавен карактер поврзани со образованието на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, Тони Јаревски.

Навистина многу се говори во нашето општество за штанцање на дипломи и звања на луѓе кои никогаш не стапнале на факултети и школи. Можеби е време да се направи ревизија на сите дипломи, посебно на носителите на јавни функции…
Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и итно пренесени …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа биде убиена.Таа повеќе пати повтори дека заканата за …

„Ова го бараме од причина што кај одреден број граѓани што нѐ гласаат, постои основано сомнение за невалидни дипломи за стекнато факултетско образование. Ценам дека без разлика на кое ниво на власт ги претставуваме граѓаните на нашата општина, треба да сме крајно транспарентни и да бидеме со високи морални квалитети. Очекуваме дека во најбрзо време ќе ја добиеме потребната информација од Собранието“ рече Андоновска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.