На денешната прес-конференција унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто рече дека Груевски морал да премине преку три граници за да стигне до Унгарија, при што сите три преминувања биле целосно легални.
„Тој ги предал своите патни документи и тие биле испитани од властите“, истакна Сијарто, негирајќи дека унгарските дипломати кои биле во придружба на Груевски учествувале во некаква трговија со луѓе.
Како што изјави Сијарто, дипломатите првично го сретнале Груевски во унгарската Амбасадата во Тирана, каде што биле запознаени со неговото барање за азил. Тој, исто така, истакна дека не е запознаен со шпекулациите дека во целата ситуација има некаков заткулисен договор и додаде дека Унгарија е во постојан дијалог со Македонија за случајот.