Девојки кои по возраста наликуваат на средношколки и се на граница со полнолетство по една мала расправија и разменети неколку погрдни зборови веднаш започнуваат тепачка со боксови и клоци.
Вакво видео од вчера се врти по социјалните мрежи и има огромна гледаност со бројни коментари. Според снимката која не е познато кога е направена се гледа дека тепачката помеѓу групата девојки се случува на локација позади железничката станица и додека една група разменува тупаници дел од другите девојки само набљудуваат без никаква потреба да се вмешаат и да помогнат во спречување па дури и снимаат со мобилните и тоа име забавно.
За психолозите и двата проблеми се специфични и тоа што едни гледаат сеир а и тоа што многу лесно ваквите снимки на тепачки се споделуваат по социјалните мрежи иако со тоа само им се прави штета на учесниците.
Според нив тепачки имало и порано не е дека е тоа нешто ново но новите времиња и тоа што секој има камера во џеб на својот мобилен ги менува работите за агресија кај младите да биде јавно достапна за која пак агресија нема релевантни анализи од каде потекнува и на што се должи.
За случајот во МВР велат дека пријавено е дека во неделата во 4 часот наутро во СВР скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу неколку лица кај транспортен центар во близина на угостителски објект и дека се работи на расчистување на случајот.