Грција: Го убил шурата кога дознал дека со години му ја силувал ќерката

Маж од грчкиот град Волос со пушка го убил својот шура откако дознал дека со години му ја силувал ќерката.

Според грчките медиуми, 50-годишниот Грк по убиството сам се предал во полиција.

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва кај Долно Лисиче на патот кон Драчево
Тешка сообраќајка се случи вечерва во Долно Лисиче. Во сообраќајната несреќа учествуваа камион и автомобил, а причинета е и голема материјална штета. Полициски …
Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД
Русија, која е најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, објави дека воведува привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег …

Се наведува дека осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил 33-годишниот брат на сопругата, а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото.

Уапсениот маж наводно и рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината деветта година.

Рекла дека вујко и ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од нивната врска.

Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.