Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија се нови непостојани членки на Советот на безбедност на ОН



Двегодишниот мандат на петте нови непостојани членки на Советот на Обединетите нации почнува од 1 јануари 2025 година

Генералното собрание на Обединетите нации ги избра Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија за непостојани членки од 15-члениот Совет на безбедност на ОН со двегодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари 2025 година.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Грција, Данска, Пакистан, Панама и Сомалија ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Швајцарија и Мозамбик.

Советот за безбедност е единственото тело на Обединетите нации кое може да носи правнообврзувачки одлуки како наметнување санкции и одобрување употреба на сила. Советот има пет постојани членки со право на вето: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД.

За да се обезбеди географска застапеност, местата се доделуваат на регионални групи. Но, дури и ако земјите од нивната група настапат без противници, тие сепак треба да добијат поддршка од повеќе од две третини од Генералното собрание. Во конкретниот случај, Данска доби 184 гласа, Грција 182 гласа, Пакистан 182 гласа, Панама 183 гласа и Сомалија 179 гласа на гласањето во Генералното собрание.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: