Министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, предлага размена на скулптури, така што Грција би го земала споменикот на Александар Македонски, познат како “Воин на коњ“, а во замена ја нуди познатата скулптура “Дромеас“, која се наоѓа пред хотелот “Хилтон“ во Атина, пренесе “Фокус“.
Според пишувањата на грчките медиуми, во согласност со Договорот од Преспа, грчката министерка предлага “Дромеас“ да биде сместена на централниот плоштад во Скопје, на местото на Александар Македонски.
Без да даде никакви дополнителни детали информацијата ја потврди и авторот на скулптурата „Дромеас“, Костас Вароцос.