ОД СИТЕ СТРАНИ САРДИСАНА: Грчкото обвинителство покренало истрага против европратеничката Ева Каили

Грчкото обвинителство за финансиски криминал отвори прелиминарна истрага за корупција и перење пари против грчката европратеничка Ева Каили јавија грчки медиуми повикувајќи се на извори во правосудството.

„Финансискиот обвинител…нареди отворање истрага за земање мито и перење пари“, изјавил неименуваниот извор, алудирајќи не поранешната потпретседателка на Парламентот на ЕУ, која сега е притворена во Белгија под обвинение за мито.

Ева Каили (44) е една од четворицата осомничени за примање мито, во скандалот наводно поврзан со Катар.

Катарската Влада ги отфрли сите обвинувања.

Четворицата беа уапсени минатата недела во акција на белгиската полиција, која изврши серија претреси во домовите и канцелариите на политичари, лобисти и парламентарни асистенти, при што беа запленети околу 1,5 милиони евра во готовина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.